Турскиот филмски сектор планира годишниот извоз на телевизиски серии да го зголеми на една милијарда долари до 2023 година од сегашните 350 милиони долари, преку ширење на нови пазари – јужна и источна Азија, пишува Хуријет.
“Извозот на турски ТВ серии стигна до 350 милиони долари од скоро нула за само 10 години. Не е недостижно да стигнеме до една милијарда долари со правна и финансиска поддршка”, вели Ихсан Сојлу од Стопанската комора на Истанбул.
Популарноста на турските ТВ серии драстично се зголеми во текот на последната деценија, особено на Блискиот Исток и земјите од јужна Европа. Сега се извезуваат во повеќе од 100 земји, а во моментов најпопуларни се на Балканот, Европа, Блискиот Исток и Латинска Америка.