Турција постави рекорд во извозот на минерали

83

Според изјавата на министерот за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез, извозот на минерали во Турција минатата година постави нов рекорд. Според него, податоците покажуваат дека и годинава доаѓа нов рекорд во секторот.

Според соопштението на Министерството, рударскиот сектор минатата година забележал извоз во вредност од 5,93 милијарди долари, објави Дејли Сабах.

Извозот од секторот, кој продолжува да бара нови пазари и да извезува производи со додадена вредност на постоечките пазари, се зголеми за 19% од 2,82 милијарди долари на 3,36 милијарди долари во првите шест месеци од оваа година, во споредба со истиот период претходната година.

Најмногу извезуваат во Кина – 713 милиони долари а, потоа следи САД со 328 милиони долари. Донмез истакна дека Турција е една од водечките земји во светот во однос на подземното богатство.

„Минатата година го срушивме рекордот во историјата на државата за извоз на минерали. Податоците покажуваат дека и оваа година доаѓа нов рекорд за извоз на минерали“, рече тој.