Турција размислува за воведување дополнителен данок на луксузни стоки

33

nakit

Турската влада во иднина би можела да воведе дополнителен данок на лускузни стоки, со цел да се зголемат јавните приходи, изјави турскиот министер за финансии, Мехмет Шимшек, пишува Заман.

Шимшек вели дека турската влада се обидува да ги контролира сите државни расходи, во постојана борба е со неоданечениот сегмент од економијата и се залага за зголемување на квалитетот на приходите. Тој смета дека луѓето кои поседуваат сопствен имот и не се обврзани да плаќаат данок до пет години од моментот кога се стекнале со недвижнината, без оглед на се тие имаат профит од тоа, треба да плаќаат одредена даночна стапка и во таа сфера.

Кога станува збор за оданочување на луксузни стоки, според Шимшек, тука спаѓаат автомобили со голема зафатнина на моторот, вреден накит, скапоцени камења и слично.