Турција се надева на 30 милиони туристи

26

Турскиот туристички сектор се соочува со уште една изгубена сезона, бидејќи многу рани резервации од странство се откажани поради наглиот пораст на заразени со коронавирус.

Во најновиот обид да се намалат инфекциите и да се спаси сезоната, претседателот Реџеп Таип Ердоган, минатата недела воведе локдаун во еден дел од земјата до средината на мај, за европските земји да не ја заобиколат Турција кога повторно ќе се отворат плажите, пишува Ројтерс.

Турскиот министер за туризам Мехмет Ерсој за Ројтерс изјави дека 30 милиони странски гости можат да пристигнат оваа година, двојно повеќе од минатата година, ако локдаунот успее да го намали дневниот број на инфекции со Ковид-19 на под 5.000.

Сепак, туристичките агенции, здруженија и хотелиери велат дека се плашат дека оваа година ќе биде малку подобра од минатата, бидејќи Турција има голем број на инфицирани.

Тие веруваат дека “одлуката за заклучување веројатно нема да може да ја спаси сезоната“, бидејќи беше донесена предоцна, и дека многу ќе зависи од last minute резервациите.

Дури и ако затворањето го намали бројот на дневни случаи со коронавирус на под 5.000 до крајот на мај, како што се надева турската влада, се верува дека ќе биде потребно време за другите земји да ги отстранат предупредувањата за ризик за патување, што според нив значи дека веројатно ќе биде изгубени и јули.

Туризмот учествува со околу 12 % во турската економија и беше најтешко погоден минатата година, иако ограничувањата поврзани со короната беа укинати уште во јуни.

Фото: Pexels