Министерството за животна средина и урбанизам на Турција најави стартување на кампања за рециклирање стакло, пластика, хартија и метален отпад што го создаваат хотелите, рестораните и кафулињата, пишува Хуријет.
“Една од клучните стратегии за управување со отпад на нашата земја е рециклирање на отпадот… Активностите за рециклирање досега ѝ носат на турската економија 900 милиони евра годишно и создадоа 60.000 директни вработувања. Нашата цел е да се зголеми оваа вредност до три милијарди евра и да се создадат 100.000 работни места до 2023 година”, изјави министерот за животна средина, Мехмет Озасеки.
Кампањата, наречена HoReCa, ќе се спроведува главно во големите градови како Истанбул, Измир, во Бурса, каде што се создава најмногу отпад.