Турција: Спојувањата и аквизициите лани пораснаа за над 40%

14

spojuvanja-pixabay

Фото: Pixabay

Вкупно 298 спојувања и аквизиции се реализирани во Турција во текот на минатата година, пишува Хуријет.

“Обемот на трансакции надмина 10 милијарди долари, благодарение на големиот број странски инвестиции“, изјави Башак Вардар, финансиски консултант.

Најголем дел од овие трансакции се направени во сектори како што се енергетика, производство и технологија. Вкупниот обем на трансакции, што достигна 10,3 милијарди долари, бележи раст од 41% во период од една година.

Најголемиот дел од инвестициите се од Европа, што е реализирано преку 36 трансакции. Забележано е намалување на инвестиции од Азиско – пацифичкиот регион.