Турција треба да инвестира 120 милијарди долари во енергетски проекти

49

nuk

Турција бележи рапидно зголемување на потрошувачката на енергија и земјата треба да инвестира околу 120 милијарди долари во енергетски проекти до 2023 година, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пишува Хуријет.

“Турција значително порасна во последните 12 години. Тоа двојно ја зголеми нашата потрошувачка на енергија. До 2023 ќе се удвои потрошувачката. Затоа треба да инвестираме 120 милијарди долари во енергетски проекти до 2023 година”, рече Ердоган на Самитот организиран од страна на регулаторната агенција на турскиот енергетски пазар.

Ердоган додаде дека Турција е решена да ја развива нуклеарната енергија, како и обновливите извори на енергија.