
Македонскиот туристички сектор во јуни 2026 година бележи стабилна динамика со вкупно 113.436 регистрирани посетители и остварени 221.608 ноќевања, објави Државниот завод за статистика.
Во јуни 2026 година, од вкупниот број туристи, 22.8 % се домашни, а 77.2 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во јуни 2026 година изнесува 221. 608, од кои 29.2 % се од домашните туристи, а 70.8 % од странските туристи.
Во периодот јануари – јуни 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е намален за 0.5 %, односно кај домашните туристи има намалување за 3.1 %, а кај странските има зголемување за 0.3 %.
Во периодот јануари – јуни 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е намален за 1.5 %, така што кај домашните туристи има намалување за 3.3 %, а кај странските има намалување за 0.7 %.
Земји од кои дошле најмногу странски туристи во јуни 2026 година:
24. 570 од Турција
8. 522 од Србија
4. 396 од Германија
3. 207 од Бугарија












