Турција во паника поради силниот пад на лирата

25

liriТурската централна банка за денеска свика итен состанок на одборот за монетарна политика, поради загриженоста од силниот пад на лирата во однос на еврото и доларот. Банката најави дека ќе разговара за неодамнешните настани и дека ќе преземе мерки за стабилизација на цените, пишуваат турските медиуми.

Турската валута речиси секојдневно бележи падови оваа година, под притисок од ескалацијата на политичката криза поради корупцискиот скандал на владата, како и загриженоста за економија. Вчера утрото лирата потона на 2,3616 кон доларот и 3,2345 кон еврото.

Турскиот пазар го погоди истрагата за големата корупција во јавниот сектор, но владата смирува дека влијанието на кризата врз економијата е привремено. Според владините предвидувања, растот во Турција од очекуваните 3,6% во 2013 година ќе забрза на 4% годинава, но тоа не е ни приближно до 8% колку што имаше во 2010 и 2011 година.

Турската централна банка последен пат свика вонреден состанок во 2011 година, кога одлучи да ги намали каматите од 6,25% на 5,75%.