Турција за 135% го зголеми извозот на јагоди

31

Во првите пет месеци од оваа година, приходите на Турција од извоз на јагоди се зголеми за 135% во однос на истиот период лани, достигнувајќи 41,6 милиони долари.

Од Турција минатата година се извезени јагоди во 33 земји во светот во вредност од 24,5 милиони долари.

И оваа година, како и претходната, најмногу јагоди се извезени во Русија. За пет месеци извозот на јагоди во Русија достигна вредност од 24,3 милиони долари.

По Русија, следат: Романија (8,3 милиони долари) и Ирак (5,5 милиони долари).

Фото: Freepik