Турција забрани отпуштања во 10 градови: Откриена е и причината за ваквата одлука

89

Турција денеска започна привремена Шема за поддршка на платите и забрани отпуштања во 10 градови за да ги заштити работниците и бизнисите од финансиските последици од разорните земјотреси што го погодија југот на земјата на почетокот од овој месец.

Според турскиот службен весник, ваква помош ќе имаат работодавачи чии работни места се „тешко или умерено оштетени“, со цел делумно да се покријат платите на вработените чие работно време е намалено, пренесува Ројтерс.

Забрана за отпуштања беше воведена и во 10 провинции погодени од земјотресот, каде што е на сила вонредна состојба.

На 7 февруари, на барање на претседателот Реџеп Таип Ердоган, турскиот парламент воведе тримесечна вонредна состојба, а владата понуди поддршка за платите.

Фото: Facebook