Турција заработи 350 милиони долари од извоз на серии

43

tv

Фото: Pixabay

Турските телевизиски серии, што се гледаат во повеќе од 140 земји, остварија приходи од извоз во износ од 350 милиони долари за една година.

Турција е на второ место во светот по извоз на телевизиски серии зад САД, пишува Daily Sabah.

Вредноста на извозот на турските серии во 2016 година изнесуваше околу 300 милиони долари, а пред десет години извозните приходи беа само 10 милиони долари.

На првото место по увоз на турски серии се земјите од Блискиот исток и Северна Африка, а следат Источна Европа, Западна Европа, Азија и Америка.

Турција до 2023 година планира да го зголеми приходот од извоз на серии на милијарда долари.