Турската компанија Бајкар тестирала ново суперсонично беспилотно летало „бајрактар кизилелма“ (црвено јаболко).
Тестовите на управувачкиот систем и летачкиот систем биле успешни, наведуваат од компанијата.
Новото беспилотно летало би требало да стане оперативно следната година, објави турската државна телевизија.
Максималната брзина на дронот, според објавените податоци, е 0,9 мах, или околу 1.100 километри на час. Крстосувачката брзина е 740 километри на час, а дострелот е околу 930 километри.
She’s a looker isn’t she pic.twitter.com/iogTmqWv4j
— Oryx (@oryxspioenkop) November 20, 2022
Леталото може да носи 1.500 килограми корисен товар и да остане во воздух пет до шест часа. Максималната висина која може да ја постигне е 14.000 метри.
Погонот е со турбомлазен мотор и може да носи различни видови ракети воздух-воздух и воздух-земја, како и авионски бомби.