Турхан Адеми реименуван за извршен директор на Халк банка

31

Турхан Адеми е реименуван за извршен директор на Управниот одбор на Халк банка, извести банката преку соопштение на Македонска берза.

Промените се впишани во Централниот регистар на Република Северна Македонија на ден 04.02.2021 година.

Адеми ќе продолжи да ја извршува функцијата Извршен директор на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје во наредните две години, сметано од 01.02.2021 година.