Финската туристичка агенција Luxury Action нуди луксузно сместување во топло, стаклено игло на Северниот пол.
North Pole Igloos се преносни куќарки од коишто гостите ќе можат да ги гледаат природните феномени на Арктичкото небо, пишува Dezeen.
Според агенцијата, иглоата се тестирани на екстремно ниски температури и услови така што престојот во нив е сосема безбеден.
“Планирано е куќарките да бидат однесени на Арктикот во април, за гостите да можат да ноќеваат на замрзаното море на ’врвот на светот’“, велат од агенцијата.
Останатите 11 месеци од годината иглоата ќе бидат стационирани на глечер во Свалбард, архипелаг помеѓу Северниот пол и Норвешка.
Туристите ќе бидат донесени со хеликоптер заедно со нивно обезбедување од едното до другото место и назад.
Фото: Facebook