Туристичка атракција Yugotour: Со Yugo низ улиците на Белград

61

yugotour

Yugotour е новитет во туристичката понуда на српската престолнина, преку која посетителите ќе може да се запознаат со сите подеми и падови на некогашната СФРЈ и тоа на задното седиште на култниот автомобил Yugo.

Оваа туристичка понуда нуди прошетка низ Белград, со цел туристите да се запознаат со важните точки по кои е препознатлив градот.

“Белград е карактеристичен потоа што беше главен град на држава, што не постои веќе 20 години. Насекаде низ градот може да најдете траги од Југославија. Посетителите сакаат да дознаат повеќе за Југославија и за Тито, но не постои начин да се направи такво нешто во Белград. Верувам дека ова е исклучително забавен и единствен начин да се откријат сите места во Белград, што сведочат за Југославија и тоа во Yugo“, вели основачот на Yugotour, Ралф ван дер Зијден од Холандија.

Турата трае три часа, од 10 до 13 часот, и чини 45 евра.