Туристичка промоција под хаштагот #onlyiNMacedonia

29

На денешната прес конференција директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски го промовираше новиот проект за продукција, дизајн, изработка, печатење и дистрибуција на фото брошура, за којшто ќе се одвојат 100.000 денари. Истиот  е и дел од Годишната програма на АППТ за 2020 година.

“Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот оваа година ќе понуди нов пристап на промовирање, ќе се фокусираме на неколку предизвици за да го зголемиме бројот на слободни патувачи. Новите форми на промоција значат и привлекување на нови патувачи, односно АППТ ги прати трендовите и на новите генерации им овозможува поинакво запознавање со убавините на нашата земја”, изјави Јаневски.

Ген Z e првата генерација во историјата што не го познава светот без Интернет. Влегуваат во дигиталниот светот од раѓањето, Ген Z ги надминува миленијалс во секојдневните активност на социјалните медиуми со 4 часа поминати на ден. Ген Z во Северна Америка, Латинска Америка и Европска водат во бројот на социјални сметки, што ги користат активно. Многумина, исто така, се оддалечуваат од платформите како Фејсбук, во корист на мултимедијални страници, како што се YouTube и Instagram.

Фото Албумот е визуелно патување низ прекрасни фотографии кои ја отсликуваат убавината, културата и историјата на нашата земја. Идејата е фото албумот да биде еден од главните промотивни алатки на Северна Македонија на социјалните медиуми, односно под одреден специфичен и карактеристичен хаштаг којшто ќе биде активен на Instagram. Тематските фотографии ќе прикажуваат различни перспективи на нашата земја, природни убавини, културни и традиционални настани и манифестации, луѓе, историја се она што ѝ дава оригинален и безвремен карактер на Северна Македонија.

Главниот # (хаштаг) којшто ќе биде водечки и препознатлив е #onlyiNMacedonia. Дополнителни хаштази кошто ќе го следат во промоцијата се: #TraveliNMacedonia, #captureiNMacedonia, #natureiNMacedonia, #CaptureiNMacedonia, #discovernorthmacedonia.

Конкретниот и специфичен хаштаг ќе ни помогне да се зголеми нашето присуство на социјалните медиуми бидејќи тие ја прават нашата содржина видлива од секој што има интерес за нашиот хаштаг. Хаштагот може да ни помогне да изградиме бренд за дестинацијата, во нашиот случај преку Фото Албумот ќе се конектираме со следбениците и ќе ги искористиме нивните фотографии за промоција на Северна Македонија.

Целта на овој проект е да ја зајакнеме промоцијата на дестинацијата, да добиеме поголема видливост и да создадеме поголема публика која ќе ни помогне дополнително да ја категоризираме содржината (туристичките продукти и дестинации) која ќе ја промовираме.

Во период од 19.02.2020 година хаштазите ќе бидат активни на Instagram и останатите социјални медиуми, и секој кој ќе објави фотографија од Северна Македонија, а ќе ги користи горенаведените хаштази до 01.12.2020 ќе има можност најдобрите фотографии да бидат објавени во Фото албумот кој ќе биде изработен од АППТ.

Хаштагот пред сè има за цел да привлече внимание и да ја промовира нашата земја како туристичка дестинација. Но користењето на овие хаштази ќе се употребуваат во нашите регуларни постови како и во постовите на нашите тековни и идни следачи. Воедно хаштагот би ни помогнал во пронаоѓање на таргетирана публика, ќе ни помогне во зголемување на видливоста на нашите социјални медиуми и стапката на прегледи, како на социјалните медиуми така и нашите веб страни.

Исто така, целокупната промоција во странски медиуми за оваа година ќе биде под хаштагот #onlyiNMacedonia.