Поради натрупани долгови сите сметки на компанијата Andrićgrad од Вишеград се блокирани повеќе од 50 денови. Владата на Република Српска се обидува да го запре колапсот со одлука од буџетот по итна постaпка да се докапитализира комплексот со околу милиони евра, дознава порталот Capital.ba.
“Владата на Република Српска на име зголемување на основниот капитал ќе одобри уплата на својот дел во износ од 2.000.000 конвеrтибилни марки (околу милион евра). Се задолжува министерството за финансии на Република Српска со цел реализирање на проектот“, стои во одлуката на владата.
Но, според пишувањето на Capital.ba, тоа е само делумно точно бидејќи парите за заедничкиот проект ќе бидат искористени за деблокирање на сметките на компанијата.
Инаку, туристичкиот комплекс имал поддршка од владата и во претходниот период.
Andrićgrad е основан во 2011 година со потпишување на договор меѓу владата на Република Српска, општина Вишеград и компанијата Лотика во сопственост на Кустурица. Минатата година, комплексот ја заврши со загуба од околу 45.000 евра, со најниско ниво на приходи од основањето. Andrićgrad наскоро треба да го преземе Олимпискиот центар Јахорина.
Фото: Facebook