Туризмот во Турција ги надминува бројките од пред пандемијата

49

Бројките што Турција го забележа во домашниот туризам во текот на празничните денови се надеж дека оваа индустрија, што беше силно погодена од пандемијата минатата година, ќе оствари подобри резултати.

Побарувачката за туристички места во земјата беа толку големи што бројките ги надминаа оние од 2019 година, што важи за најдобра година во туризмот.

“На домашниот пазар се надминати податоците од 2019 година којашто беше нашата најдобра туристичка година. Ние сме најмалку 30% над цифрите што ги постигнавме на домашниот пазар што го вклучува периодот на Курбан Бајрам во 2019 година“, вели Сурури Чорабатир, прв човек на хотелиерската федерација на Турција.

Бројот на странци кои ја посетија Турција, исто така, бил висок, а земјата угости туристи од над 50 земји во светот.

Руските туристи имаат најголем удел, додека голем дел од странските гости доаѓаат и од: Германија, Холандија, Белгија, Бугарија и Словачка.

Фото: Pexels