Turkcell разви мобилна апликација за сириските бегалци во Турција

26

turkcel aplikacija

Водечкиот мобилен оператор во Турција, Turkcell, разви мобилна апликација за над три милиони сириски бегалци во земјата, пишува Хуријет.

Преку апликацијата, што го носи името Hello Hope, бегалците ќе можат да научат основни зборови и изрази на турски јазик. Фразите и зборовите ќе бидат во пишана форма и имаат за цел да го олеснат секојдневниот живот на бегалците во Турција.

“Апликацијата овозможува дополнителни функции базирани на локацијата за да им помогнат на луѓето полесно да добијат здравствени услуги или информации за најблиските центри за нивно опслужување. Корисниците, преку апликацијата, можат да се поврзат и со арапскиот кол центар со само еден клик“, велат од Turkcell.

Апликацијата е достапна за корисниците на iOS и Android оперативни системи, а нема ограничување ниту кај мобилните оператори. Turkcell во овој момент обезбедува телекомуникациски услуги на повеќе од 1,2 милиони бегалци.