Turkey card – мултифункционална картичка за превоз во Турција

27

prozorec-transport-pixabay

Фото: Pixabay

Патниците ќе може да користат единствена картичка за транспорт во Турција, пишува Хуријет.

Картичката, што ќе го носи името Turkey card, ќе ја издава турската национална пошта, а нејзините корисници ќе ја користат за превоз во 81 провинција во земјата.

“Со Turkey card корисниците ќе имаат можност да ги прават истите работи како и со кредитна картичка. Покрај тоа, правиме договори со сите општини, а Истанбул ќе има приоритет. Картичката ќе може да се користи за видови на јавен превоз, од автобус до метро“, изјави Ахмет Арслан, министер за транспорт, поморски работи и комуникации на Турција.

Картичката ќе биде достапна на повеќе од 4.600 продажни места, почнувајќи од следната година. Со оваа картичка ќе може да се влезе и во национални паркови, музеи и авион.

Во овој момент во Турција постојат различни видови на билети за секоја провинција.