Turkish Airlines добива нов директор по 11 години

103

bilal_eksi

Билал Екши е нов генерален директор и вицепретседател на турскиот национален авиопревозник, Turkish Airlines. Тој доаѓа на местото на Темел Котил, кој 11 години беше на чело на турската авиокомпанија.

“Нашиот досегашен генерален менаџер, Темел Котли, се пензионираше на 21-ви октомври и Билал Екши е нов генерален менаџер на Turkish Airlines“, стои во соопштението што го пренесува Хуријет.

Екши, инженер по професија, беше на висока функција во Turkish Airlines по што во 2011 година замина во Националната агенција за цивилна воздушна пловидба. Котил, кој е инженер по воздухопловство, беше на чело на турскиот национален авиопревозник од 2005 година.