Turkish Airlines ги намали загубите за 78%

35

Фото: Facebook

Турската авиокомпанија Turkish Airlines забележа нето загуба од 72,5 милиони долари во првиот квартал од 2018 година, но тоа е сепак намалување од 78% во споредба со истиот период од лани, пишува Hurriyet Daily News.

Приходите од продажбата за првите три месеци од годината се зголемиле за 44% и изнесуваат 2,4 милијарди долари.

Оперативниот нето профит на Turkish Airlines во првите три месеци е 3 милиони долари, за разлика од истиот период минатата година, кога била регистрирана оперативна загуба од 209 милиони долари.

Финансиските расходи на компанијата во првиот квартал од 2018 година се намалени од минатогодишните 254 милиони долари на 146 милиони.