Turkish Airlines ја интензивира соработката во Македонија

63

turkishairlines

Turkish Airlines ја интензивира соработката во Република Македонија. Во рамки на својата стратегија од денеска во Скопје компанијата отвори нова канцеларија за своите услуги. Во Македонија се присутни 18 години, пишува Миа.

“Почнавме во 1998 година со два лета неделно, а денес благодарение на добрата соработка имавме интензивен раст на бројот на патници и достигнавме два лета дневно, рече на отворањето на канцеларијата Илкер Бајдар, директор на Turkish Airlines во Скопје.

Tој оцени дека со отворањето на претставништвото Turkish Airlines ги зајакнува своите капацитети во Македонија.

Компанијата, како што истакна Мерт Дорман, заменик претседател на Turkish Airlines за Источна европа и Балкан, почна со работа во 1933 година со пет авиони, а од 2003 година доживеа интензивен раст и меѓу најдобрите компании во светото. Целта, додаде тој, е да достигнат флота од 500 авиони и 120 милиони клиенти во светот.

Поставените цели, како што рече, се постигнуваат со отворање нови директни линии, зголемување на фреквенцијата кон постојните дестинации и развивање на своите услуги во што се вклучува и отворањето на оваа канцеларија.