Turkish Airlines ќе ги намалува платите како одговор на кризата

33

Турскиот авиопревозник, Turkish Airlines ќе ги намали платите на сите вработени, но не планира да дели откази, пренесува Ројтерс.

На пилотите ќе им бидат намалени платите за 50%, на кабинскиот персонал за 35%, а на останатите вработени за 30% во рамки на постигнатиот договор со синдикатот.

Одлуката за намалување на платите ќе биде на сила до крајот на идната година, по што ќе се ревидира на секои шест месеци, во корист на вработените.

Оттаму велат дека нема да биде отпуштен ниту еден работник и нема да се користи државна помош за исплата на плати, што е актуелна во Турција како поддршка на компаниите за надминување на кризата предизвикана од пандемијата.

Фото: Facebook