Turkish Airlines на своите летови нуди презентации на стартапи во бизнис класата

30

thy

Турскиот национален авиопревозник Turkish Airlines наскоро започнува иницијатива која ќе им овозможи на стартап компаниите да ги презентираат своите проекти/бизнис идеи на патниците што летаат со оваа авиокомпанија. На почетокот, видео проекциите ќе бидат ограничени само на патниците во бизнис класата. Точниот датум кога ќе започне Invest on Board програмата не е одреден, но веќе има пријавено неколку стартап презентации, повеќето од Турција. Видеата треба да траат помалку од две минути.

Овој проект Turkish Airlines ќе го реализира во партнерство со стартап платформата eTohum.