Turkish Airlines наградена со пет ѕвезди од APEX

59

apex

Турскиот национален авиопревозник, Turkish Airlines доби пет ѕвезди, благодарение на искуството на патниците и удобноста при патувањето.

Turkish Airlines, којшто сообраќа на голем број дестинации, го доби признанието Five star global airline од страната на Асоцијацијата за искуство на патниците во авиосообраќајот – Airline passenger experience association (APEX), стои во официјалното соопштение.

“Ние се стремиме да обезбедиме најдобро и најквалитетно искуство за патување на нашите гости и да бидеме именувани како five star global airline според гласовите на патниците, што е најголемо признание што може да го добиеме. Она што нè прави различни од останатите е тоа што ги поврзуваме нашите клиенти со нивните најблиски, нивните прекрасни идеи ги претвораме во реалност што резултира со задоволство. Допирање до срцето на нашите патници е клучен фактор за добивање на сите награди. Ова е наша најважна предност пред конкуренцијата“, изјави Илкер Ајчи, претседател на компанијата.

Рејтингот на APEX се базира исклучиво на потврдени повратни информации на патниците.

Фото: Turkish Airlines