Turkish Airlines подготвува тужба против Boeing

24

Turkish Airlines се подготвува за покренување судска постапка против Boeing поради несигурноста за моделот 737 MAX на овој производител на авиони, објави новинската агенција Demiroren.

Turkish Airlines одби да ја коментира оваа вест, пренесува Ројтерс.

737 МАХ е приземјен од март, откако се случија две несреќи во Индонезија и Етиопија  во рок од пет месеци и загинаа 346 луѓе. Ова го чинеше производителот на авиони повеќе од девет милијарди долари.

Авиокомпанијата во својата флота има 24 авиони Boeing 737 МАХ, а во мај најавија дека очекуваат компензација за загубите настанати поради приземјените авиони.

Инаку, Boeing најави дека од јануари го запира производството на авионот од типот 737 max.

Фото: Pexels