Turkish Airlines со рекорден број на патници во првата половина од годината

24

turkish-airlines-facebook

Фото: Facebook

Бројот на патници на турскиот авиопревозник Turkish Airlines во првата половина од оваа година надмина 30,3 милиони, што е најголем рекорд досега, пишува Хуријет.

Националниот авиопревозник објави дека бројот на патници во јуни, во споредба со истиот период лани, се зголеми за 13,5%, достигнувајќи 5,7 милиони.

Turkish Airlines сообраќа во 120 земји во светот, што е повеќе од било кој друг авиопревозник. Во својата флота има 337 авиони и лета на над 302 дестинации.