Туркиш ерлајнс со вртоглав раст на профитот за 655%

25

Профитот на турскиот национален авиопревозник Туркиш ерлајнс во првите три квартали скокна на 480,8 милиони долари, што е неверојатен раст од 655% во однос на истиот период минатата година.

Бројот на патници е поголем за 20% и изнесува 29,1 милиони, додека закупеноста на летовите во периодот од јануари до септември била 77,9%, што е за 5,3% повеќе во однос на истиот период лани. Од компанијата соопштија дека пораст од 30% има и кај продажбите.

Вртоглавиот раст се должи на новите инвестиции. Минатиот месец, компанијата го зголеми бројот на дестинации на 87.

Во Туркиш ерлајнс работат 2.445 пилоти и 5.344 членови на екипаж.

Изминатиов период се погласни стануваат шушкањата дека е можно спојување или некакво партнерство меѓу Туркиш ерлајнс и германскиот авиопревозник Луфтханза.