Турска цементарница планира аквизиции вредни една милијарда евра во Африка

70

limak

Турската цементарница Limak Cement е во преговори за преземање на компании од Африка што се занимаваат со истата дејност, пишува Хуријет.

Вредноста на овие аквизиции би можела да достигне и до една милијарда евра.

Компанијата Limak потпиша договор за доверливост за купување меѓународна цементарница.

“Глобална цементарница планира да ги продаде своите фабрики во три африкански земји. Ние сме заинтересирани и веќе потпишавме договор за доверливост. Мислам дека конечниот исход ќе се знае за пет до шест месеци“, изјави генералниот координатор на Limac, Ѓултекин Аксјек.

Компанијата Limac има десет цементарници во Турција и гради фабрика за мелење и пакување цемент во Мозамбик и Брегот на слоновата коска, коишто би требало да почнат да работат во 2016 и 2017 година.