Турска енергетска компанија ќе поставува гнезда да спасува птици во Истанбул

63

ptici

Турскиот дистрибутер на електрична енергија Bedaş, подготви околу 500 функционални платформи – гнезда за птици во обид да ги заштити и воедно да го минимизира прекинот на струја поради судирите на птиците со опремата во сезоната на миграција.

Околу 25% од дефектите во снабдувањето со електрична енергија на европската страна од Истанбул во есен и 10% во пролет се должи на судири на птиците, велат од компанијата, пишува Хуријет.

“Сега е време да трансформираме 500 преносни кули во платформи за птиците, со специјална техника за изолација”, вели Мехмет Исламоглу, генерален менаџер на Bedaş.

Компанијата планира во овие 500 платформи – гнезда да инвестира околу 250.000 долари.