Во хрватскиот град Шибеник свечено беше отворен нов хотел. Станува збор за турската инвестиција D -Resort вредна 25 милиони евра, којашто има 69 луксузни соби и три вили со базени. Хотелот е категоризиран со 4+ ѕвезди, пишува порталот Sibenik.in.
На просторот на ресортот ќе има и два бара и два ресторана. Гостите ќе може да уживаат и во wellness и спортски центар, конференциски центар, детски клуб, базен со стаклен ѕид, којшто се простира на 220 метри квадратни…
Хотелот оваа година ќе работи сезонски, односно ќе биде отворен до ноември. Во хотелот се вработени околу 150 лица, претежно од градот Шибеник.