Турска Karaca презема германска компанија стара 229 години

85

Турската групација за производство на порцелан, Karaca го презема германскиот бренд Weimar, по скоро една година преговори, пишува Daily Sabah.

Германската компанија, којашто има традиција од 229 години, сега ќе работи под брендот на Karaca.

Овој турски бренд за порцелан е основан во 1973 година од страна на Ариф Карача. По преземањето на Weimar, турскиот производител на порцелан отвори продавница во Берлин.

“Ние вработуваме 2.250 луѓе. Нашиот бренд има 33 продавници во 12 земји во светот, како и 600 дилери и 2.500 продажни места во Турција“, велат од Karaca.

Фото: Pexels