Турска компанија продава микроскопи на NASA

55

mirkoskop-anadolu

Турската технолошка компанија Nanomanyetik започна со продажба на моќен микроскоп на вселенската агенција NASA, јавува Anadolu Agency (AA).

Компанијата го разви овој микроскоп, којшто може да мапира површини на ниво на нанометри и атоми или екстремно мали честички. Микроскопот има широк опсег на употреба во повеќе научни области, индустриски инженеринг, како и од страна на научно – истражувачки институции.

Турската компанија ги извезува своите производи во: Бразил, Чиле, Франција, Иран, Израел, Италија, Јапонија, Полска, Јужна Кореја и Шпанија. Освен NASA, еден од попознатите клиенти на Nanomanyetik е и технолошката компанија Samsung.