Турска маркетинг агенција се подготвува да воведе аудио реклами во трговските центри, со цел да го зголеми бројот на реклами на кој се изложени луѓето во секојдневниот живот.
Проектот е дизајниран од страна на Џахид Џејлан, истакнат претставник од адвертајзинг секторот во Турција заедно со швајцарската маркетинг платформа за мобилна телефонија Adwin AG.
“Целта е да се поврзат националните радио реклами со потрошувачите во трговските центри, користејќи ги постоечките системи за објави во трговските центри”, вели Џејлан, кој е основач и извршен директор на турската Mars Media, пишува Хуријет.