Турската централна банка повторно ја намали референтната каматна стапка

94

Турската централна банка повторно ја намали референтната каматна стапка за 1,5 процентен поен, иако инфлацијата во таа земја достигна 85 отсто.

Централната банка одлучи да ја намали каматната стапка на 9 отсто, по серијата слични големи намалувања.

Овој потег е во согласност со економските ставови на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, кој тврди дека зголемувањето на каматните стапки предизвикува инфлација, иако традиционалното економско размислување вели дека зголемувањето на каматните стапки помага да се држи инфлацијата под контрола.

Ердоган побара до крајот на годината каматната стапка да биде едноцифрена. Тој смета на пониски трошоци за задолжување за да ја поттикне економијата додека Турција се подготвува за претседателските и парламентарните избори во јуни следната година.