Турската економија падна за 9,9% на годишно ниво во вториот квартал оваа година, соопшти државниот завод за статистика TurkStat.
Во споредба со претходниот квартал, бруто домашниот производ (БДП) падна за 11%, што е најголем квартален пад откако TurkStat започна да го објавува извештајот.
Во првиот квартал, економијата порасна за 4,4% на годишно ниво, според ревидираната проценка на заводот за статистика, благодарение на растот на кредитирањето непосредно пред да избие пандемијата во март.
Анкара потоа ги затвори границите, училиштата и деловните активности на одредени компании, вклучително и многу фабрики и воведе карантински мерки за време на викендите. Поголемиот дел од економијата беше рестартирана во јуни, потсетува Reuters.
Финансискиот сектор се истакна со раст од 28% во периодот од април до јуни, додека во значајни сектори на индустријата и услугите, според последните податоци, активностите паднаа за 16 и 25%.
Клучниот туристички сектор во Турција беше сериозно погоден од мерките за затворање воведени за спречување на пандемијата, па затоа се очекува економијата да падне оваа година.
Фото: Freepik