Турската економија порасна

16

Турската економија порасна за 3,8 отсто во вториот квартал, поддржана од потрошувачката на домаќинствата, покажаа во четвртокот податоците на заводот за статистика.

Стапката сигнализира постојан раст на активноста во првата половина од годината, покажуваат ревидираните податоци за периодот од јануари до март кои покажуваат раст на активноста за 3,9 отсто.

На тримесечно ниво, бруто домашниот производ (БДП) порасна, според сезонски и календарски приспособените податоци, за 3,5 отсто, по падот од 0,1 отсто во првите три месеци од годинава.

Мотор на активност беше растот на расходите на домаќинствата, за 15,6 отсто во однос на истиот период лани. Силно се зголемија и бруто инвестициите во фиксен капитал и државна потрошувачка, нешто повеќе од пет проценти.

Извозот, пак, е намален за девет отсто под влијание на забавувањето на активноста кај главните трговски партнери поради војната во Украина.