Турската економија пораснала за 7,4% во првиот квартал од 2018 година

30

Турција продолжува да биде една од најбрзо растечките економии во светот. Во првиот квартал од 2018 година, турската економија забележала раст од 7,4% пишува Hurriyet Daily News, повикувајќи се на податоците од Турскиот институт за статистика.

Овие бројки ги надминуваат дури и претходните проекции на аналитичарите кои не предвидуваа зголемување поголемо од 7%.

Бруто домашниот производ (БДП) во првите три месеци од  годинава се искачил на 207,5 милијарди долари.

Податоците покажуваат дека најголем раст има во секторот на услужните дејности и индустријата кои пораснале за 10%, односно 8,8%, соодтветно, додека пак, растот во градежниот сектор е 6,9%. Раст од 4,6% е забележан и во земјоделскиот сектор.

Според пресметките на економистите најголем придонес во растот на БДП во првиот квартал доаѓа од личната потрошувачка, 6,7 поени, потоа инвестициите со 2,3 поени, а придонесот на јавната потрошувачка е 0,5 поени.

Фото: Pixabay