Турската компанија Aselsan ќе развива батерии за електрични автомобили со IBM

27

aselsan

Турската компанија Aselsan чии производи се користат во областа на одбраната и американската компанија IBM потпишаа договор за развивање на батерии, со кои електричните автомобили ќе можат да возат пет пати подолго по полнењето, изјавија од компанијата во писмено соопштение, пренесува Хуријет.

Компаниите ќе почнат со почетна фаза на истражување и развојни активности за употреба на метал-воздух батерии (metal-air) во електрични автомобили, а потоа ќе почнат со развој на нова генерација на акумулатори.

“Метал-воздух батериите, кои се планира заеднички да ги развијат Aselsan и IBM, ќе бидат во можност да имаат пет пати поголем капацитет за складирање на енергија отколку литиум – јонските батериите (lithium-ion). Со новите батерии ќе се реши голем проблем кај електричните автомобили”, стои во соопштението.

Електричен автомобил со литиум – јонска технологија може да патува 160 километри со едно полнење, додека новата метал – воздух технологија ќе овозможи да патува 800 километри со едно полнење.