Турската компанија Kozuva ќе го модернизира аеродромот во Тузла

Фото: Tuzla-airport

Турската компанија Kozuva е заинтересирана за инвестирање во аеродромот во Тузла, Босна и Херцеговина, објави Ba.ekapija. Турците планираат да се насочат кон инвестирање во модернизација на карго аеродромот, а постепено би се насочиле и кон дополнително проширување на патничките терминали.

Kozuv е компанија што се занимава со инвестирање во авиосообраќајот низ целиот свет, а плановите за Тузла им се од неодамна, откако посочениот аеродром константно почна да бележи успеси и постигнува резултати од секој аспект.

Од турската компанија наведуваат дека се подготвени да изградат комплетно нов патнички терминал, но под услов, во меѓувреме аеродромот да почне да опслужува 700.000 патници на годишно ниво.

На аеродромот минатата година минале 535.000 патници, а годинава се очекуваат 650.000 патници.