Турската конфекција проектира 20 милијарди долари извоз годинава

80

Конфекциската индустрија во Турција за оваа година планира да оствари извоз од над 20 милијарди долари оваа година, изјави шефот на турското здружение на извозници.

Готовата облека сочинува 10% од вкупниот извоз на Турција во 2020 година, пренесуваат турските медиуми.

Извозот во Канада во текот на минатата година се зголеми за скоро 50% на 101 милион долари. Најголем дел од конфекциските производи од Турција се извезени во САД и тоа во износ од 793,6 милиони долари, а тука се и Чешка со 124,6 милиони долари и Казахстан со 221,4 милиони долари.

Фото: Freepik