Турската лира падна на ново историски најниско ниво во однос на доларот

33

Турската лира падна на ново историски најниско ниво во однос на доларот бидејќи американската валута денеска во 12:30 часот на берзата Forex се тргуваше за 31 лира.

Годишната стапка на инфлација во Турција во јануари се забрза на 64,86 отсто од 64,77 отсто во декември, објави турскиот институт за статистика – Туркстат на почетокот на месецот.

Инфлацијата во Турција е највисока во последните 14 месеци.