Турската лира падна по првиот круг од изборите, пазарна неизвесност

113

По првиот круг од претседателските и парламентарните избори, турската лира падна на 19,7 лири за американски долар.

Индексот на Истанбулската берза БИСТ 100 падна за 2,8 отсто, а на банкарскиот индекс БИСТ, ХБАНК за 8,3 отсто, јавува Си-Ен-Ен.

„Се чини дека победата на опозицијата е помалку веројатна, а тоа ќе ги разочара инвеститорите кои се надеваат на враќање на традиционалната економска политика и посилна борба против инфлацијата“, вели експертот за пазари во развој на Капитал Економика, Лиам Пич.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на крајот на 2021 година реагираше на економската криза со намалување на референтната каматна стапка во земјата, што е спротивно на економската политика што ја водат повеќето земји.

Годишната стапка на инфлација во Турција во октомври достигна 85,5 отсто, а во април 43,6 отсто, објави Турскиот статистички институт (TurkStat).

„Победата на претседателот Ердоган, која сега е основното сценарио… би била негативна за макроекономската стабилност и финансиските пазари на Турција“, заклучи Пич.

Вториот круг од претседателските избори во Турција ќе се одржи во недела на 28 мај, бидејќи ниту еден од кандидатите во првиот круг не доби повеќе од 50 отсто од гласовите, соопшти денеска претседателот на турската изборна комисија Ахмет Јенер.