Турската Веибо груп ќе инвестира во Македонија

23

Турската компанија Веибо груп ќе инвестира 400 милиони долари во Македонија и ќе отвори 5.000 работни места.

Одлуката за оваа инвестиција ја објави турската компанија, која што ќе отвори свои капацитети во североисточниот дел од земјата. Се занимава со производство на кошули, костуми, палта, јакни, панталони. Производството ќе се пласира на пазарите во САД, Велика Британија, Франција, Германија, Русија, Италија, Шпанија, Кина, Јужна Кореја и Јапонија.

Првичната инвестиција ќе биде 180 милиони долари, а во рок од пет години вкупните инвестиции во Македонија ќе бидат 400 милиони долари. Во рок од пет години се очекува извозот да достигне 600-800 милиони долари.

Планот на Веибо груп е да отворат ткајачница, предилница и фарбара, а 5.000 вработувања планира да ги реализира во рок од четири години.