Турската влада ќе ја продава спортската обложувалница Spor Toto

16

Турската влада планира да ја приватизира легалната спортска обложувалница во јуни 2013 година, а нејзината вредност е проценета на 10 милијарди долари. Охрабрени од успешната приватизација на Халкбанк, патарините на патиштата и мостовите за 5,7 милијарди долари, владата планира да ја приватизира Spor Toto со највисока понуда за приватизација досега.

Премиерот Реџеп Таип Ердоган нареди почеток на процесот на приватизација на Spor Toto, кој се смета за најзначаен финансиски придонесувач во спортската индустрија. Моделот на тендерот ќе го одреди премиерот Ердоган. Разгледувани се моделите на директна продажба или јавна понуда, кои таргетираат долгорочни инвеститори со странски капитал.

Во последните осум години компанијата го зголеми приходот на 24 милијарди долари, благодарение на единствената легална спортска игра за обложување, Iddaa. Компанијата води уште една игра наречена Тото, базирана на проценка на резултатите од фудбалските натпревари.