Турската Зираат банка доби лиценца за работа во Азербејџан

35

zirat

Турската државна Зираат банка се прошири на пазарот во Азербејџан, откако доби банкарска лиценца од Централната банка на оваа земја. Според извештајот на Светска банка објавен во октомври 2014 година, банкарскиот сектор во Азербејџан покажа висока стапка на раст во 2013 година, пишува Хуријет.

Зираат банка вработува повеќе од 24.000 луѓе во 1.700 филијали, од кои 57 се во странство, во земји како Германија, Босна и Херцеговина, Казахстан, Русија, Велика Британија, САД, Грузија, Бугарија и Грција.