Турски аналитичар: Економски раст од 31% на Македонија за 28 години

35

Економскиот раст на земјава, во период од 1990 до 2018 година, достигна 31%, покажува мапата зад којашто стои турскиот политички аналитичар Сонер Чагаптај.

Во истиот овој временски период, Србија и Босна и Херцеговина се двете земји што остварија негативни стапки, 11% односно 1%.

Од земјите во регионот, најголем економски раст за 28 години остварија: Турција (239%), Албанија (141%) и Косово (129%). Под 100% економски раст имаат: Словенија (98%), Романија (80%), Црна Гора (70%), Бугарија (67%).

Зад Македонија, според Чагаптај, е само Грција со 28% економски раст за 28 години.

Тој е турско – американски политиколог и директор на турската истражувачка програма при Институтот на Вашингтон за политики на Блискиот Исток.

Фото: Pixabay