Турски банки ги отпишуваат долговите на загинатите рудари

38

-

Бизнис заедницата истапи да ги поддржи фамилиите на жртвите од катастрофата во рудникот во турскиот град Сома, во која загинаа најмалку 282 рудари. Водечките бизнис организации и универзитети почнаа да организираат кампањи за помош, банките најавија дека ќе ги отпишат долговите на мртвите рудари, а мобилните оператори ги нудеа своите услуги за да се олесни комуникацијата.

Турската унија на комори и берзи (ТОББ) собра 1,7 милиони евра помош за Сома, повикувајќи ја целата бизнис заедница да се приклучи на кампањата.

Од друга страна, ING, Akbank и Islamic lender Bank Asya се првите кои изјавија дека ќе ги избришат позајмените долговите на рударите кои загинаа во несреќата што се случи на 13 мај.

“Личните заеми на рударите кои ги загубија своите животи во овој трагичен инцидент ќе биде избришани и ќе ги преструктуираме кредитите на повредените рудари во согласност со нивните потреби”, изјави во писмена изјава извршниот директор на Akbank, Хакан Башгил, пишува весникот Хуријет.

Bank Asya ги расчисти сите лични заеми и кредити на мртвите рудари, а истото го стори и ING Bank, која додаде дека ќе се откаже од својот удел од животното осигурување на мртвите работници.

Во меѓувреме, турските водечки мобилни оператори Vodafone и Turkcell воведоа голем број на мерки да се олесни комуникацијата во регионот. Vodafone Турција испрати шест мобилни базни станици за Сома и ги зголеми дата капацитетите и капацитетите за разговор во регионот. Turkcell додели бесплатни 75 минути разговор, 75 MB интернет и 75 СМС за клиентите во тој регион и повторно ги активира суспендираните мобилни линии поради долг.